Home » Предлогот за уставни измени во Министерството за правда

Предлогот за уставни измени во Министерството за правда

by Журнал.мк

Финишира процедурата за подготовка на предлог иницијативата за уставни измени. Владата чека да заврши техничката проверка во Министерството за правда и преводот на албански јазик. Спикерот Џафери очекува предлогот за отворање на Уставот од Илинденска до Парламентот да стигне наредните денови. На брифингот со новинарите рече дека уставните измени се потребни да се донесат за остварување на стратешката цел на земјава – членство во ЕУ.

„Ова не е интерес само на владејачкото мнозинство туку интерес на државата. Секое одложување ќе донесе само полошо решение од ова што го имаме сега и сметам дека ние мораме да ја преземеме политичката одлука и цена за идните генерации“рече Џафери.

Минимум четири и пол, максимум до шест месеци може да трае процесот на усвојување на уставните измени. Роковите течат откако Владата ќе го достави предлогот. Постапката за оваа процедура е јасна, од тоа колку треба да трае секоја фаза, па до тоа колку минути секој пратеник ќе може да дискутира, кога иницијативата за уставни промени ќе се најде на расправа во Парламентот. Дебатата пред комисијата за уставни прашања трае најмногу 10 дена, а исто толку може да се расправа и на пленарка. За Џафери нема никаква законска пречка расправата за уставните измени да почне иако не е обезбедена двотретинска поддршка.

Од СДСМ со став – со измените на Уставот ќе се затворат сите идентитетски прашања. Изборот е пред секоја политичка партија-интеграција или изолација.

„Време е за глас за Европа во македонското Собрание за продолжување на европскиот пат и остварување на уште една стратешка цел: членство во ЕУ! Со тоа и да ги затвориме сите идентитетски прашања еднаш-засекогаш. Изборот пред секоја политичка партија е интеграција или изолација. Проевропски блок за европска иднина или анти-европски блок за изолација. Христијан Мицкоски, наместо со денови да молчи треба да излезе пред јавноста и да каже што одлучил“велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ останува на цврстиот став дека нема уставни измени под како што велат бугарски диктат. Мицкоски прифаќа лидерска со Ковачевски, но бара да се разговара што откако како што појаснуваат од ВМРО-ДПМНЕ, нема да поминат предлог-уставните измени. Дел од партиите кои беа со власта, а не се согласуваат со измените во уставот веќе излегоа од коалицијата, а има и такви кои најавија дека ќе почекаат да ги видат предложените измени по што ќе донесат одлука.

И премиерот Ковачевски е подготвен за средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, но побара од партијата да работи во интерес на државата и на народот.

Како краен рок за внесување на шесте народи, според предлогот на работната група, меѓу кои и Бугарите, во Уставот се посочува ноември, кога треба да заврши скринингот на Европската комисија и да се одржи втората меѓувладина конференција и да почнат преговорите по поглавја.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk