-4.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Предизвиците на TikTok стануваат сè поопасни за младите луѓе

Најчитани вести

Апликацијата TikTok почна да работи во 2016 година и скоро веднаш стана исклучително популарна. Моментно  ja користат 689 милиони луѓе ширум светот. Корисниците објавуваат кратки видеа со различни концепти и честопати смислуваат и предизвици.

Се проценува дека TikTok има околу 80 милиони активни корисници месечно во САД. Застапени се голем број млади луѓе: 60 проценти од нив се на возраст меѓу 16 и 24 години, а 26 проценти се на возраст од 25 до 44 години. Ова се официјални податоци, а дури 80 проценти од корисниците се на возраст меѓу 16 и 34 години.

Предизвиците на оваа платформа претставуваат најголема опасност затоа што последиците може да бидат фатални.

Blackout Challenge

Овој предизвик ги убедува учесниците да се задушуваат додека не изгубат свест. Медицинските работници предупредуваат дека овој тренд може да доведе до несвестици, оштетување на мозокот, напади, па дури и смрт.

Десетгодишно девојче во Италија почина откако го направи овој предизвик. Врза ремен околу вратот и така ненамерно се самоуби. Била итно пренесена во болница во Палермо, но за жал било предоцна.

Skull Breaker Challenge

Три лица стојат еден покрај друг и сите треба да скокаат во исто време. За жал на оној што стои во средина, другите двајца претходно се договараат да го клоцаат за да го исфрлат од рамнотежа и да го принудат да падне. Ова доведува до повреди на главата, ‘рбетот и зглобовите.

Една од жртвите на овој бесмислен предизвик е шеснаесетгодишна девојка од Бразил – Емануела Медеирос.

Bright Eye Challenge

Предизвикот се состои во тоа корисникот да земе кеса и да ја наполни со средство за дезинфекција на рацете, белило и крем за бричење. Потоа треба смесата да се стави на едното око и да се држи на место најмалку една минута. „Целта“ е да се промени бојата на окото.

Filing Teeth Challenge

Многу трикови за разубавување, како што се нови начини на боење на косата или лакирање на ноктите, се популарни на TikTok. Сепак, овој предизвик загрижи многу стоматолози – луѓето си ги брусат нерамните заби со турпија за нокти. На овој начин, може да се уништи слојот глеѓ што ги штити забите и може да доведе до екстремна чувствителност или, на крајот, загуба.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com