9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Предизборен собир на ДУИ во Дебреште, Долнени

Најчитани вести

Нудиме богата и развојна програма со која се опфатени сите населени места во општина Долнени, им порача кандидатот за градоначалник од ДУИ, Урим Ибески на вечерашниот предизборниот собир на жителите на Дебреште.

Ибески рече дека има проекти за развој во сите сфери: изградба на водоводна, патна, канализациона мрежа, за нови и рекострукција на основните училишта, здравствени амбуланти во селата, градинки, библиотека и поддршка на спортски клубови.

– Изградба на регионален цевковод за населбите Дебреште, Црнилишта, Браилова и Десова како регионален огранок на водоводната мрежа Студенчица и реконструкција на водоводните мрежи во село Дебреште и село Црнилишта. Изградба на две најзагрозени локални патишта: Десово-Дупјачани и Костинце-Долгаец. Целосно асфалтирање на патната мрежа во населените места: Дебреште, Лажани, Житоше, Црнилишта и Десово. Ќе ги реконструираме водоводните мрежи во селата Цернилиште, Лажани и Житоше. Ќе градиме локален пат Ропотово-Рилево, а ќе се урбанистичка документација за населени места што се во развој: Цернилишта, Пешталева, Десова, Жиитоше, Долнени. Посветени сме на зголемувањето на квалитетот во образованието. Грижата за училишната инфраструктура е главниот предуслов за оваа цел, така што ќе го изградиме основното училиште во село Црнилишта, ќе извршиме

реконструкција на основните училишта во селата Лажани, Житоше, Дебреште, Десово и ќе го реконструираме основното училиште во селото Долнени. Ќе се изгради нова општинска библиотека во селата Црнилишта и Дебреште, рече кандидатот за градоначалник на Долнени од ДУИ, Урим Ибески.

Ибески најави и изградба на голема фотоволтаична централа кај месноста Рибник за што се изготвува техничка документација.

На жителите им се обрати и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, кој истакна дека се остварени заложбите од охридскиот договор и заедниците се поблиски и подеднакво сите сакаат просперитет, како што рече, на нашата држава.

-Охридскиот рамковен договор ги регулираше односите на заедниците во нашата република. Го смени статусот на заедничкото рамноправно присуство во економијата на државата. Денеска сите заедници се многу поблиски една со друга и сите заедници ги интересира иднината на оваа држава. Сите заедно работиме да имаме мир, стабилност и безбедност, сите се ангажираме и што побрзо сакаме да бидеме земја членка на ЕУ и сите заедно сакаме просперитет на нашата држава. Сега ДУИ ја спроведува зелената агенда, храбро и со помоиш на експерти за развој на нашите општини и на граѓаните, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети на предизборниот собир во Дебреште, Долнени, барајќи поддршка од жителите за канидатот за градоначалник Урим Ибески.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com