По лидерскиот договор за предвремени парламантерани избори на 12 април, помалите партии ги губат надежите дека има политичка волја за промена на изборниот модел.
Една изборна единица и отворени листи според нив најверојатно ќе остане желба за некои следни избори. Солза Грчева од Глас за Македонија вели дека се манипулира со изборните калкулации дека со една изборна единица во добивка се малите партии. Вели дека тоа оди во прилог на средните партии но пред се на граѓаните.
Дека и други партии ќе влезат во парламентот со промена на изборниот модел сметаат и од Граѓанска демократска унија. Оваа партија смета дека ќе остане грешка ако тоа не се случи бидејќи како што велат ќе паднат во вода илјадници гласови на изборите, а пратеничките мандати ќе ги поделат само големите играчи.
По средбата кај шефот на државата во неделата, власта и опозицијата останаа со поделени мислења околу промената на изборниот модел. За дел од нив промената е неизводлива во време на предизборие.