24.8 C
Skopje
Wednesday, May 25, 2022

Предавство на деценијата: Дибала договара трансфер со тим од Милано, фановите на Јуве во шок!

Најчитани вести

Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала има договор со Јувентус до крајот на сезоната, по што не планира да остане во тимот, туку ќе се пресели во нова екипа.

Италијанските медиуми пишуваа дека постои интерес од Тотнем, Манчестер јунајтед и Барселона, но најсериозен кандидат за неговиот потпис бил актуелниот шампион Интер. Дибала требаше да потпише договор со Јувентус до 2026 година со плата од осум милиони евра, но Јувентус во последен момент се премисли и му понуди поразлични услови за да остане во екипата, но тоа не му се допадна на Аргентинецот.

„Газета дело Спорт“ пишува дека лидерот во Серија А почнал преговори со агентите на Дибала и веќе му понудиле плата од 7,5 милиони евра плус одредени бонуси, како и дополнителен бонус за потпис на договор.

Ситуацијата меѓу Дибала и Јувентус воопшто не е добра, а доколку Аргентинецот потпише за вечниот ривал на „Старата дама“, тогаш сигурно ќе стане најомразен меѓу навивачите на поранешниот италијански шампион.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com