13 C
Skopje
Tuesday, April 13, 2021

Преголем е ризикот: Ла Лига и Федерацијата се согласија да го одложат „Ел Класико“, познато кој нов датум е прва опција!

Најчитани вести

Вчера попладне, одговорните луѓе на Ла Лига доставија барање до шпанската фудбалска Федерација за несекојдневна „рокада“ кога е во прашање „Ел Класико“ дербито кое е закажано на 26-ти октомври, односно предлог истото да се одигра во Мадрид наместо во Барселона поради сериозната политичка криза која владее во Каталонија.

Одлуката на судот да им додели затворска казна на поранешните каталонски лидери предизвика голем револт во Барселона и политички хаос кој може да добие уште повисоки размери, па поради тоа, двете најважни фудбалски организации во Шпанија во наредните неколку часа ќе седнат на заедничка маса, а главна тема ќе биде одложување на големото дерби.

Како што јавуваат најугледните медиуми од Мадрид и Барселона, претстојното „Ел Класико“ дерби коешто требаше да се одигра на 26-ти октомври нема да стартува, а како најдобра и најреална опција се споменува одложување. Двата клуба ја одбиле првичната понуда за правење „рокада“ на стадионот на одигрување, по што, како најдобар предлог е дадено комплетно да се одложи овој натпревар поради преголемиот ризик кој владее во Каталонија.

Угледните „Марка“ и „АС“ од Мадрид и „Мундо Депортиво“ и „Спорт“ од Каталонија информираат дека конечната одлука ќе биде донесена во текот на денешниот ден, или најдоцна утре, а прв отворен термин за одигрување на дербито од 10-то коло е 18-ти декември, датум до кој има доволно време да се стабилизира тензичната ситуација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести