20.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Прегазен пешак во центарот во Ново Лисиче

Најчитани вести

Скопје, 8 ноември- Доцна синоќа е прегазен пешак на главната улица во Ново Лисиче. Неговата состојба за сега не се знае, оти детали од МВР се најавени за денеска.

Според медиумите кои први објавија доцна синоќа, очевидци тврдат дека пешакот бил тешко повреден и останал на тротоарат легнат додека да пристигне екипата на брзата помош.

Инаку жителите на оваа населба неодамна протестираа, но на улицата во другиот дел на населбата, одосно во Лисиче, каде минува автобусот со број 7, заради тоа што немаат поставено соодветни сообраќајни знаци. Токму овие луѓе биле сведоци на многу чести сообраќајни несреќи, а некои од нив со трагичен крај. Местото, пак, каде синоќа се случила несреќата има и семафори и соодветни обележеувања на патот. Но како се случило пешакот да биде прегазен и каде е возилото, односно возачот кој го сторил тоа, се очекува денеска да биде соопштено.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com