8 C
Skopje
Sunday, May 16, 2021

Првo договор со Бугарија, па преговори, вели Гир

Најчитани вести

Преговорите ќе почнат кога ќе има договор, вели  евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир. Вели дека патот на кој сега се наоѓаме е двонасочен. 

Тој денеска изјави дека преговорите со Европската Унија ќе започнат тогаш кога ќе има договор со соседна Бугарија, но додаде дека тоа не треба да биде причина да не се продолжи со спроведување на реформите.

„Колку повеќе напредуваме во реформите, толку поблиску ќе биде државата кон Европската Унија“, изјави Гир на онлајн конференцијата „Улогата на медиумите и граѓанските организации во процесот на интеграции“.

Тој вели дека ја разбира нетрпеливоста во однос на дискусиите за преговарачката рамка, затоа што, како што рече, луѓето сакаат да се движиме напред и да видат што е можно поскоро отворање на преговорите. 

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести