12.8 C
Skopje
Saturday, November 27, 2021

Прв телефонски разговор на Бајден со Си

Најчитани вести

Американскиот претседател Џо Бајден првпат од стапувањето на должност разговараше со претседателот на Кина, Си Џинпинг, соопшти синоќа Белата куќа.

Бајден во телефонскиот разговор изрази длабока загриженост поради економската пракса на Пекинг, репресиите во Хонг Конг и кршењето на човековите права ујгурското муслиманско малцинство во Синџијанг и политиката кон Тајван.

Додека кинеските медиуми објавија дека Си го предупредил Бајден дека судирот помеѓу Кина и САД би бил катастрофа за двете држави и оти е потребно повторно воспоставување на средства за избегнување на несогласувањата и погрешните проценки.

Си истакна дека се надева оти САД внимателно ќе постапуваат кон Тајван, Хонг Конг и Синџијанг бидејќи тоа се прашања на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.

Бајден и Си разговарале и за пандемијата со Ковид-19, за климатските промени и за спречување на ширењето на оружје.

Во меѓувреме Бајден најави дека во Пентагон ќе биде формирана работна група за стратегија кон Кина.

– Работната група набрзо ќе почне со работа за да заземеме поцврста насока за прашањата поврзани со Кина, истакна Бајден при неговата прва посета на Пентагон од стапувањето на должност претседател.

Тој додаде дека групата ќе биде составена од 15 цивили и воени советници, кои ќе имаат рок од четири месеци да ги претстават своите препораки.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com