20.8 C
Skopje
Thursday, October 6, 2022

Прв сомнителен случај на мајмунски сипаници во Македонија?

Најчитани вести

Според неофицијални информации на Алфа во Македонија има прв сомнителен случај на мајмунски сипаници. Според наши извори најавено е прием на пациент сомнителен на мајмунски сипаници во Инфективна клиника во Скопје. Пациентот е од Кичево, а го очекуваат да пристигне во секој момент на Инфективна клиника. Кичевската брза помош одбила да го пренесе, па тој со сопствено возило се упатил кон клиниката во Скопје. Алфа се обиде да стапи во контакт со директорката на Инфективната клиника, но засега не одговори на нашите повици и пораки , додека пак дежурниот доктор вечерва на клиниката ни кажа дека досега нема пријавено и регистриран таков пациент.

Но, сепак според неофицијални информации пациентот треба да пристигне на инфективната клиника во секој момент, по што ќе му бидат извршени лабараториски испитувањa за да се потврди дали се работи за мајмунски сипаници.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com