14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Прв пораз за Меси, Нејмар и Мбапе

Најчитани вести

Рен е тимот кој може да се пофали дека станал првиот што му нанел пораз на Пари Сен Жермен со Меси, Нејмар, Мбапе, Ди Марија и другите ѕвезди во составот. Пред неколку дена во Лигата на шампионите, парижаните го совладаа Манчестер сити, но веќе на наредниот меч, овој со Рен, ја немаа истата среќа, и загубија.

Маурисио Покетино го започна дуелот со Меси, Мбапе и Нејмар во нападот, но тоа не помогна премногу да се избегна пораз кај расположениот Рен со 2:0. Меси немаше многу шанси на оваа средба, а најдобрата беше од слободен удар, уште во првото полувреме. Топката се движеше како што посакуваше Аргентинецот, тој веќе направи движење со телото како почеток на прослава, но гредата спречи водство за гостите, кои подоцна примија два гола.

Килијан Мбапе даде гол, но беше поништен по прегледување на снимка. За Светците ова е прв пораз сезонава, тие и понатаму се убедливо прво во француската лига.

Рен уште од 2008 година не победил со 2-0 против ПСЖ, а и тогаш и денеска, првиот гол го дадоа во 45-та минута.

Првиот сезонски пораз на ПСЖ е големо изненадување, сите се чудат како може тим во кој се Нејмар, Меси, Ди Марија и Мбапе да не шутне во рамки (имаа 13 шута, но сите непрецизни или блокирани, ниту еден не беше во рамки на голот).

Парижаните наместо со авион (летот беше откажан поради лошо време), до Рен патуваа со автобус, а тоа се 340 километри. Друг проблем за ПСЖ беше името на тренерот на Рен. Бруно Женесио е човек кој има четири победи над ПСЖ, откако газди на парискиот клуб се богатите Катарци. Ниту еден друг тренер нема толку многу победи против скапиот тим од Париз.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com