Футуристичкиот концепт кој ја претставува иднината на мобилноста е претставен на „Avalon Air Show“, кој оваа недела се одржува во Австралија.
Компанијата „Пегасус“ го искористила овој настан да го прикаже својот концепт на прв полициски летачки автомобил.
Станува збор за австралиска старт-ап компанија основана пред 10-тина години, а која е специјализирана за производство на комерцијално одржливи летечки автомобили за владата и полицијата.
Претставениот концепт може да вози по пат, но и да лета како хеликоптер.
Иако цената не е објавена, како ни конкретните информации за погонот, познато е дека „Пегасус“ ќе има автономија на движење на струја од 100 километри, а во воздух ќе може да мине околу три часа.