14 C
Skopje
Saturday, May 15, 2021

Прв заклучок на Италијанецот по дебито со Јуве: Сари откри каква функција ќе има Роналдо во новата формација

Најчитани вести

Маурицио Сари направи анализа на првиот пораз кој го доживеа како тренер на Јувентус, но покрај ова, посебно внимание обрна и на најголемата ѕвезда во тимот која беше доста нервозна во добар дел од мечот со Тотенхем.

Англискиот тим победи со 3:2 благодарение на фантастичниот гол од пола терен кој го постигна Хари Кејн, а претходно Кристијано Роналдо беше стрелец на еден од двата гола со кои Јувентус во еден момент имаше добитен резултат. Роналдо јасно му стави до знаење на Сари дека не е најзадоволен за тоа што го повлече рано во вториот дел, но италијанскиот стручњак не сакаше да губи време на оваа тема, но затоа порача дека Кристијано ќе има комплетна слобода во неговата формација.

– Кристијано е нашиот најдобар играч и затоа треба да ги организираме останатите 10 играчи многу добро во дефанзивен поглед. Кристијано може да се движи кадешто ќе посака на теренот, тој е најдобар играч и важно е да има комплетна слобода на теренот, – порача Сари кој со оваа изјава јасно стави до знаење дека го ослободува Португалецот од дефанзивните задачи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести