Home » ПРВО КОНСУЛТАЦИЈА СО ЕКСПЕРТИ, ПА ПОТОА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ Мицкоски вели дека суверенитетот извира од граѓаните

ПРВО КОНСУЛТАЦИЈА СО ЕКСПЕРТИ, ПА ПОТОА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ Мицкоски вели дека суверенитетот извира од граѓаните

by Журнал.мк

Крајната формулација на прашањето на можниот референдум кој го инцира ВМРО-ДПМНЕ ќе се знае по консултацијата со експерти, а потоа ќе се соберат потребните 150.000 потписи за негово организирање, објасни лидерот Христијан Мицкоски по синоќешната седница на ИК на партијата.

– Суверенитетот извира од граѓаните и ако навистина има минимум демократски капацитет кај СДСМ и ДУИ, тогаш не гледам причина зошто да не го прифатат референдумот, иако не исклучувам било какви политички маневри и гимнастики од страна на спикерот Џафери во Парламентот – изјави Мицкоски.

Мицкоски истакна дека прашањето дополнително ќе и биде на јавноста познато, а бидејќи во периодот кој што следи ќе се водат процесите на консултации со експерти од областа, од областа на референдумско изјаснување, уставното и меѓународното право за да се дојде до едно решение.

– Се надевам дека ќе биде како постапка најпрво прифатена од страна на спикерот Џафери во парламентот, а потоа и ќе собереме 150 илјади потписи и ќе излезeме на едно такво изјаснување. Но, ќе повторам уште еднаш тоа го зборував изминативе денови дека треба да се насочиме на проблемот, ова се три одвоени процеси – рече Мицкоски.

Вчера до доцна Извршниот комитет разговарал за референдумот и општата политичка состојба во Македонија. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во куса пресконференција до новинарите рече дека идејата за референдум била едногласно прифатена и дека партијата ќе се консултура со сите општествени и политички чинители во врска со одлуката.

Од владечката СДСМ денеска рекоа дека нема да поддржат референдум кој би значел гласање против македонскиот јазик во ЕУ.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk