Home » ПРВО ИНТЕРВЈУ НА „ЅВЕРКАТА“ ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД Актерот призна дека сопругата ја изневерил со повеќе жени

ПРВО ИНТЕРВЈУ НА „ЅВЕРКАТА“ ПО ОБВИНУВАЊАТА ЗА СЕКСУАЛЕН НАПАД Актерот призна дека сопругата ја изневерил со повеќе жени

by Lina Muslija

Актерот Крис Нот во своето прво интервју по повеќекратните обвиненија за сексуално злоставување, ги негираше истите и изјавил дека сите негови средби надвор од бракот биле спогодбени.

Кариерата на 68-годишниот Нот, кој публиката го памети како „Ѕверката“ од хит серијата „Сексот и градот“, поради наведените обвиненија е ставена на пауза, а тој сега за „Ју-ес-еј тудеј“ изјави дека тогаш „одлетал од својатa сопруга, што било болно за неа и не дава убава слика“, но додал дека „тоа не е злосторство“.

„Одеднаш, многу луѓе сакаат секс со тебе. Си мислиш дека би било штета тоа да се пропушти. Се оправдуваш, како и многу мажи: ‘Тоа е само мал танц настрана и забавно е, никого нема да повредиш, бидејќи никој нема да знае за тоа’“, навел Нот и открил дека за сето тоа морал да разговара со својот тинејџер.

Да потсетиме, четири жени го обвинија Нот за сексуално злоставување. Последната која со приказна излезе во јавноста е кантавторката Лиса Џентајл, која рече дека Нот насилно ја бакнувал и ја допирал во нејзиниот стан во Њујорк.

Таа тврди дека инцидентот се случил откако актерот го сретнала во ресторанот „Да Марино“ во центарот на Менхетен, каде уште една жена тврдела дека Нот ја нападнал. Џентајл рекла дека Нот го познава од 1998 година, а инцидентот се случил во 2002 година.

Вели дека Нот тогаш ја одвел дома и побарал да го види нејзиниот стан. Тврди дека ја турнал, ја бакнал без нејзина волја и ја фатил за градите.

„Ми беше страв да истапам околу ова поради моќта на Нот и неговите закани дека ќе ми ја уништи кариерата“, открила Џентајл зошто не истапила порано.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More