14.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Први ќе се попишат кумановските затвореници

Најчитани вести

Едни ќе се попишуваат сами, другите ќе бидат попишани од овластени попишувачи. Од утре почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците. 

Во Македонија пописот започнува со затворениците од кумановскиот затвор. Тројца попишувачи ќе треба да попишат околу двесте затвореници. Од Управата за извршување санкции за ТВ24 велат дека сите затвори во земјава добиле упатства како ќе се врши пописот на затворениците, но и на оние што ја издржуваат мерката притвор.

„Пописот во затворите ќе се врши во зависност од тоа за каков затвор станува збор.Во поголемите затвори затворениците и притворениците ќе бидат одвоени во посебни простории. Во најголемиот затвор Идризово пописот ќе се врши во неколку простории, крило по крило. Ние како Управа бевме обврзани на овие луѓе да им ги обезбедиме документите за лична идентификација кои се чуваат во нивните лични досиеја. За оние што немаат МВР требаше да им ги издаде по брза постапка“  – велат од Управа за извршување санкции.

За разлика од затворениците и бездомниците, иселениците и дипломатите и нивните семејства ќе може да се попишуваат сами. 

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски вчера на прес-конференција соопшти дека самопопишувањето ќе се одвива преку веб–апликација, која е лесно достапна и едноставна. Потребно е граѓаните само да се најават со својата имејл адреса.  

А противниците на пописот не отстапуваат од идејата да го бојкотираат пописот. Националниот блок „Не отворам врата“ денеска на прес-конференција ги повика Македонците кои  живеат и работат во странство да го бојкотираат пописот, затоа што, како што велат тие, пописот е веќе договорен и познати се и процентите колку граѓани од која етничка припадност ќе бидат. 

Против одржувањето на пописот е и Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Во соопштението упатено до јавноста, меѓудругото пишува дека, поради влошување на епидемиолошката состојба со ковид кризата, Синодот изразува загриженост и препорачува времено, по примерот на другите европски земји, пописот да биде одложен.

Во периодот од 1. до 15. март ќе бидат попишани и луѓето кои што за време на пописот се наоѓаат во служба во Армијата во државата или во странство. 

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија ќе се спроведе во периодот од 1. до 21. април 2021 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com