21.8 C
Skopje
Tuesday, June 15, 2021

Први фотографии од Samsung Galaxy Book Pro и Pro 360 лаптопите

Најчитани вести

Samsung работи на проширување на својата Galaxy Book серија, преку нови Windows лаптопи. Претходно се појавиja информации дека наскоро ќе пристигнат два нови Galaxy Book Pro лаптопи, а спецификациите на Galaxy Book Pro и Pro 360 моделите веќе се појавија онлајн. Сега имаме и рендери од двата лаптопа.

Фотографиите од лаптопите ни ги овозможи дојавувачот Еван Блас (@evleaks). Galaxy Book Pro најверојатно ќе биде наследник на минатогодишната Galaxy Ion линија, а Galaxy Book 360 би можел да пристигне како наследник на Galaxy Book Flex серијата. Според наводите на дојавувачот, двата лаптопа ќе бидат достапни во големини од 13 и 15 инчи. Покрај тоа, Samsung ќе ги понуди во две опции во бои – сина и сребрена за Galaxy Book Pro и Navy и Gold за 360 моделот.

Лаптопите ќе имаат OLED дисплеј, а сега на Galaxy Book Pro серијата се очекува и поддршка за S-Pen. Се очекуваат повеќе конфигурации со 11-та генерација Intel Core i5 и Core i7 процесори. Процесорите би можеле да бидат спарени со Nvidia Mx450 графичките карти. За Galaxy Book Pro се очекуваат Wi-Fi и LTE модели, додека Galaxy Book Pro 360 би лотреба да добие Wi-Fi и 5G варијанти. Лаптопите ќе имаат и Thunderbolt 4 порт.

Нема информации за датумот на објава, цената и пазарите на кои ќе бидат достапни лаптопите. Се очекува дека ќе бидат претставени за време на Samsung Unpacked настанот во април.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести