31.8 C
Skopje
Saturday, July 24, 2021

Први тизер фотографии на Maserati Grecale

Најчитани вести

Веќе извесно време најавуваниот компактен SUV на Maserati се подготвува за својата премиера која се очекува подоцна  во текот на оваа 2021 година, а брендот сега објави и неколку тизер фотографии, за да ја подгрее атмосферата и љубопитноста кај бројните поклоници на креациите на четири тркала…

Поминаа шест месеци откако Maserati официјално потврди дека планира да лансира нов SUV во својата постава што ќе се позиционира под Levante и ќе се вика  Grecale, но заега малку информации се познати од неговото најавување минатата 2020.

Сепак, сето тоа се промени откако Maserati објави неколку, прилично нејасни  иако официјални тизер фотографии споделени од страна на главниот дизајнер за екстериер на Maserati Данило Тосети и дизајнерскиот шеф на Maserati Клаус Бусе преку социјалните мрежи.

Од фотографиите може да се забележат некои сличности со SUV моделот Levante, а во односд на  димензиите, може да се забележи дека нема да биде ниту многу помал од засега единствениот SUV на марката.

Потсетуваме, Grecale ќе ја споделува платформата со Alfa Romeo Stelvio, а од Maserati истакнаа дека фокусот ќе биде ставен на динамичноста и практичноста, што значи дека моделот ќе има пространост на crossover но сепак ќе биде дизајниран да има перформанси кои се очекуваат од еден вистински  Maserati.

Деталите околу погоните не се познати, но Maserati најави дека ќе понуди електрични верзии на своите нови модели, така што електричен Grecale се очекува во некој момент во следните години.

Исто така, не е познато ниту кога новиот SUV на компанијата ќе пристигне на пазарот иако во Maserati, засега, остануваат со плановите да го претстават веќе оваа пролет, но тоа ќебиде самоп  прототип.

Како и да е, земајќи ја во предвид ситуацијата со пандемијата на вирусот Ковид-19, многу веројатно е дека моделот Grecale ќе се најде во продажба кон крајот на 2021 или почетокот на 2022 година.

Можеме само да кажеме дека со нетрпенија го очекуваме неговото појавување во продажните салони и на сообраќајниците.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести