9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Првите знаци – лоши: Во Париз стравуваат дека ќе останат без Мбапе на подолг период!

Најчитани вести

Пари Сен Жермен го размонтира Тулуз (4-0), но скапо ја плати таа победа во период кога сѐ уште не е јасна иднината на првата ѕвезда Нејмар, зашто Килијан Мбапе се повреди и сега на „Паркот на принцовите“ владее страв дека на подолг период може да го загубат фантастичното крило.

Мбапе се повреди после еден час игра и теренот го напушти држејќи се за мускулот на левата нога (задна ложа), а по мечот тренерот на парижаните Томас Тухел објави дека станува збор за муслулен проблем, но деталите ќе бидат познати после денешните детални прегледи.

Сепак, првите најави не се баш добри за ПСЖ и Мбапе, зашто француски медиуми објавија дека после мечот Мбапе го напуштил „Паркот на принцовите“ со патерици, па во ПСЖ стравуваат дека повредата не е воопшто наивна, па најмалку еден месец би била паузата на крилниот фудбалер.

Тоа што е најлошо во целата ситуација е што вчера се повреди и Единсон Кавани, а никој не знае неделава што ќе се случи со Нејмар, иако последните најави се дека „војната“ помеѓу клубот и Бразилецот е завршена и дека „кариоката“ ќе остане и во оваа сезона во француската престолнина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести