37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Првите вакцини пристигнуваат утре, Вучиќ лично ќе му ги предаде на Заев

Најчитани вести

Македонија утре попладне од Србија ќе ги добие првите вакцини. Контигентот од 8000 фајзер вакцини српскиот претстадател Вучиќ лично ќе му ги предаде на премиерот Заев на Табановце. Ова ќе биде само почеток, порача Заев,  најавувајки дека наредната недела, ќе пристигнат 200 000 кинески вакцини од компанијата Синофарм.

– На 15 и 16 се очекуваат кинеските вакцини. Ќе се изврши и плаќањето од наша страна за да може да се испланира пакувањето, обезбедување на авионскиот превоз од Кина.

Во втората половина на месецов се очекува да пристигне и директната нарачката од 5 850 вакцини на Фајзер. Премиерот се надева дека ќе проработи и Ковакс програмата преку која треба да се испорачаат вакцините на АстраЗенека, Модерна и Фајзер и пакетот на ЕУ за набавка на вакцини.

– Секој ден очекуваме ново решение. Комесарот Вархеји најави 70 милиони евра, зборуваа дури и за авансно плаќање…

Заев посочи дека системот е целосно подготвен за процесот на имунизација. Протоколите се направени, а првите вакцини ќе ги примат здравствените работници во Ковид центрите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести