9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Првиот Harley-Davidson на струја чини 30.000 долари

Најчитани вести

Harley-Davidson го претстави својот прв електричен мотор LiveWire кој се истакнува со своите импресивни динамички перформанси, напредната технологија и екслузивниот изглед, кој има карактер кој е неразделен од остатокот од брендот.

LiveWire се стартува со едноставно свртување на рачката за гас, а благодарејќи на оптимизираниот центар за гравитација, крутата алуминимска рамка и прилагодливото суспензија има врвно управување.

Благодарејќи на исклучителните возни карактеристики и резервирана енергија за 235 километри помеѓу две полнења, овој мотор е идеален за градска средина.

Овој Harley-Davidson е опремен со DC технологија за брзо полнење, па батеријата од 0 до 80 проценти од капацитетот се полни за 40 миниути, а за 60 минути до 100%.

Погонската единица HD Revelation е способна моментално да го развие потребниот вртежен момент. Моторот забрзува од 0 до 100 km/h за три секунди, а до 100 до 129 km/h стигнува за 1,9 секунди.

LiveWire има регенеративно сопирање кое ја полни батеријата со висок напон. Тоа е особено корисно во сообраќајниот метеж и честите тргнувања и застанувања.

Сопственикот на LiveWire нема да има потреба да го севрисира овој мотор како стандарниот Harley-Davidson. Потребни се само повремени проверки на погонските ремени, промената на маслото за менувачот, течноста за сопирачките, плочките за сопирање и гумите, кои се стандарден потрошен материјал.

Батеријата со висок напон има гаранција од пет години без оглед на изминатата километража.

LiveWire e опремен со бројни електронски системи за помош при возењето за возачот, како Defensive Rider Systems кој го подобрува свртувањето на моторот.

Над управувачот се наоѓа 4,3-инчен TFT eкран во боја кој е чувствителен на допир и кој на возачот му ги покажува сите потребни информации.

LiveWire e првиот електричен мотоp на оваа престижна компанија и е дизајниран за ја зацрсти позицијата на Harley-Davidson на пазарот.

Електричниот Harley веќе оваа година ќе се најде во продажба во САД, Канада и неколку земји во Европа, а во наредните две и во остатокот од светот.

Почетната цена на Harley-Davidson LiveWire ќе биде 29.799 долари./slobodenpecat.mk/

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com