17.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Првиот човек на УЕФА предлага да се толерира офсајд од 10-20 сантиметри: Ако имаш голем нос, сега си во офсајд!

Најчитани вести

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин признава дека не е голем фан на ВАР, не му се допаѓа тоа што се суди офсајд до милиметар и предлага да се толерира офсајд од 10-20 сантиметри.

Видео технологијата во фудбалот требаше да донесе поправедни одлуки, но и понатаму има доста контроверзни ситуации и ВАР често е критикуван. Својот став сега го кажа и првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин во разговор со Мирор откри дека не е фан на ВАР и начинот на кој се применува.

За него нелогично е тоа што се суди офсајд до милиметар и вели дека ќе предолжи да се толерира офсајд од 10-20 сантиметри.

„Ако имаш голем нос, сега си во офсајд. Исто така, линиите ги црта ВАР, па тоа е субјективно а одлуките треба да бидат објективни. Затоа ние ќе разговараме со нашите судии и ќе предложиме да се толерираат 10-20 сантиметри офсајд“ – вели првиот човек на европската куќа на фудбалот.

„Втора работа, имавме форум на елитни тренери пред две недели во Нион. Дојдоа Клоп, Гвардиола, Алегри, Анчелоти, Зидан… сите топ тренери од Европа, и нашиот прв човек на судиите, Роберто Росети им покажа играње со рака и ги праша, „Дали ова е играње со рака?“. Половина од собата кажаа ДА, половина рекоа НЕ. Па кажете ми, колку се јасни правилата? Не знаеме ништо!“

„На пример, што мислите за дуелот помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити. Дали тоа беше играње со рака или не?“.

„Некои судии во Англија не ги прегледуваат спорните моменти. Во Италија проверуваат по половина час. Ова е голем хаос. Никогаш не сум бил голем фан на ВАР. Во денешно време помошниците не се ни трудат да го подигнат знаменцето и само чекаат, чекаат, чекаат…“.

„Играчите? Тие повеќе не ги слават головите. Сега првин чекаат што ќе каже ВАР. Како што кажав, за играње со рака никој не може да објасни што е играње со рака а што не е. Дали било намерно? Па судијата не е психијатар за да знае дал играчот имал намера или немал!“.

„Судиите прават грешки исто како што играчите прават грешки. Но за грешките на судиите се зборува цела недела“.

„Не гледам грешка доколку не сте му досудиле на некого офсајд поради еден или два сантиметри. Целта на офсајдот е да спречите противникот да се здобие со предност, па за каква предност зборуваме при офсајд од еден или два сантиметри“.

„Повторувам, не сум фан на ВАР, но нема враќање назад. Доколку кажеме дека повеќе нема да го употребуваме, ќе не убијат“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com