-6.2 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Првиот човек на Барса: Осман Дембеле е подобар фудбалер од Мбапе!

Најчитани вести

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, планира да стори сѐ за да го задржи Осман Дембеле на „Камп Ноу“, поради што даде изјава која наиде на потсмев во поголемиот дел од светската спортска јавност.

Според него, фудбалерот на Каталонците во моментов бил поквалитетен од францускиот напаѓач Килијан Мбапе, кој игра во одлична форма во ПСЖ и за чии услуги се „тепа“ Реал Мадрид. Дембеле не сака да го продолжи договорот со Барса, кој завршува следното лето, а неговото име е поврзувано со трансфер во Њукасл, кој од неодамна го има најбогатиот газда во фудбалскиот свет.

Французинот на „Камп Ноу“ дојде во 2017 година за повеќе од 100 милиони евра од таборот на Борусија Дортмунд, но оттогаш повеќе беше повреден отколку на теренот. Но, со оглед на неговата 24-годишна возраст, во таборот на каталонскиот тим се уште сметаат дека тој би можел да блесне и да биде еден од идните лидери на тимот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com