17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Првиот монитор на Huawei е достапен глобално

Најчитани вести

Минатата година, Huawei го претстави својот прв десктоп компјутер во Кина – MateStation B515, кој користеше AMD Ryzen процесор и имаше 8GB и 16GB RAM меморија. Десктоп компјутерот вклучува и монитор произведен од Huawei, а сега компанијата започна со продажба на панелот на глобално ниво.

Huawei Display за почеток е достапен во Германија, по цена од 159 евра. Се одликува со 23,8-инчен IPS екран со сооднос од 16:9, резолуција FullHD (1920 x 1080p), брзина на освежување од 60Hz и осветленост од 250 нита.

Мониторот нуди 72% од NTSC спектарот на бои, агли на гледање од 178 степени, додека на екранот има сертификат TUV Rheinland за заштиа на очите од сина светлина.

Визуелно, мониторот има многу тенка долна и странична рамка, додека долната рамка е малку поголема и го содржи логото на Huawei. На задната страна, Huawei Display има по еден VGA, HDMI и DC приклучок.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com