9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Првиот локдаун во Шпанија – неуставен, што ќе значи тоа?

Најчитани вести

Пролетта 2020 година Шпанците со месеци останаа затворени дома, заедно со децата. Уставниот суд одлучи- не постоела правна основа за тоа. Одлуката на судиите ќе има крупни последици

За воведување такви ограничувања на правата и слободите на граѓаните било потребно воведување вонредна состојба, пренесуваат шпанските медиуми од образложението во донесената одлука на Уставниот суд.

Владата за време на првиот бран на пандемијата прогласи само алармирачка состојба, што подоцна го потврди и парламентот. Но, од аспект на Уставниот суд, тоа не е доволна правна основа за воведување полициски час.

Од март до мај 2020 година луѓето во Шпанија смееја да ги напуштаат домовите само од неодложни причини. Не беше дозволен ни спорт на отворено, децата не смееја да излегуваат надвор. Оној кој не се придржуваше на мерките, мораше да плати казна – во овие месеци полицијата изрекла околу еден милион казни, пари кои граѓаните сега можеби ќе имаат право да си ги бараат назад. Можен е и бран тужби за надомест на штета, пишува весникот „Ла Вангардиа“, бидејќи граѓаните биле принудени да останат дома без да постои правна база.

Во меѓувреме во Шпанија се заканува воведување нови драстични ограничувања. Со оглед на наглиот раст на случаите на Ковид-19, во повеќе региони во земјата моментно се вршат подготовки за евентуални нови антикорона мерки. Во Каталонија, епицентарот на петтиот бран на пандемијата, регионалните власти размислуваат повторно за полициски час, вклучувајќи ја и метрополата Барселона.

Од викеднот таму клубовите и кафулињата повторно се под клуч, а манифестации на отворено смеат да се одржуваат единствено со корона тестови за посетителите.

Други региони посегнуваат по слични мерки или ги најавуваат. Во југоисточниот регион Валенсија во сила е полициски час од 01.00 часот до 06.00 часот.

Во средата седумдневната инциденца во Шпанија изнесуваше 271, далеку над границата од 200 новоинфицирани за една недела на 100.000 жители, од која Германија некој регион го прогласува за ризична корона област, поради што за повратниците од таму важат правила за карантин.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести