7.8 C
Skopje
Monday, December 6, 2021

Првиот и единствен Мини и натаму се произведува, но со интересна цена (ФОТО)

Најчитани вести

Во Британија има статус на божество, а на европските патишта редовно предизвикува насмевка будејќи носталгија за некои минати времиња.

Оригиналниот Mini престана да се произведува во последниот милениум, но има и такви кои не можеле да се помират со него. Секако, производство на ваков автомобил познат како рестомод е скапа работа, но има и такви кои сакаат да платат за него. Еден од нив е Сајмон Кауел, а сега некои колекционери му се придружуваат.

David Brown Automotive подготвува вистинско уживање, а тоа е специјална спортска серија модели. Целосното име Mini Remastered Oselli Edition носи нова димензија во автомобилот во однос на перформансите. Развиен во соработка со специјалистот Осели, малечкиот Mini добива тјуниран мотор. Неговиот волумен е зголемен на 1,45 литри, а доби и два карбуратори SU. Менувачот е рачен со пет степени на пренос, додека перформансите сè уште се тајна.

Првиот од 60-те спортски автомобили на 13-инчни тркала „Енкеи“ ќе му бидат доставени на клиентот веќе овој месец. Постои избор помеѓу две верзии, двосед со заштитен кафез и четворосед, а почетната цена изнесува неверојатни 98.000 фунти.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com