Првиот документ за меѓународни безбедносни гаранции за Украина би можел да се појави на 29 или 30 август, најави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.
По средбата со советниците на претседателите на Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Романија и Унгарија, тој рече дека безбедносните гаранции се многу важно прашање за Украина и дека работата на тој документ е во тек, пренесува „Танјуг“.
Тој додаде дека е запознаен со текстот и дека ќе биде многу силен документ.
За време на преговорите меѓу Русија и Украина на 29 март во Истанбул, украинската страна предложи да се потпише меѓународен договор за нов систем на безбедносни гаранции за таа земја.