25.8 C
Skopje
Wednesday, September 28, 2022

Прва официјална посета на претседател на Собранието на Обединетите Арапски Емирати

Најчитани вести

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, од денеска до 17 ноември ќе престојува во прва официјална посета на Обединетите Арапски Емирати. Ова е првпат претседател на македонскиот Парламент да оствари ваква посета и да има средби во Федералниот национален совет на ОАЕ.

Посетата на Џафери, како што јави известувачот на МИА од Абу Даби, се совпаѓа со 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати, каде започнаа и подговките за одбележување на 50-годишнината од основањето на државата.

За време на посетата на Џафери предвидени се средби со домаќинот, Сагар Ал-Гобаш, спикер на Федералниот национален совет и со други високи претставници од Владата на ОАЕ.

Во состав на собраниската делегација, која ја предводи претседателот на Парламентот, се и претседателот на Пратеничката група за соработка на Собранието со парламентите на земјите од Блискиот исток и Арапскиот залив, пратеникот Хусни Исмаили, и пратениците Дарко Каевски и Бедри Фазли.

На средбите се очекува да стане збор за унапредување на соработката со Федералниот национален совет на парламентарно ниво, но и севкупните односи меѓу двете држави.

Пратеничката група за соработка на Собранието со парламентите на земјите од Блискиот Исток и Арапскиот Залив е основана во овој пратенички мандат.

Предвидено е Џафери и собраниската делегација да го посетат и Павилјонот на Република Северна Македонија на „Експо Дубаи 2020”.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com