9.8 C
Skopje
Wednesday, February 1, 2023

Прва жртва на протестите во Хавана

Најчитани вести

Американската Амбасада во Хавана ги советува американските граѓани да избегнуваат посета на одредени области од главниот град, како и да не ги користат патиштата што водат до аеродромот поради протестите и немирите во Куба.

Амбасадата на САД во Хавана ги потсети сите граѓани на САД да избегнуваат секакви било демонстрации поради нивната непредвидлива природа. „Ги советуваме сите американски државни службеници во Хавана да го избегнуваат Плоштадот на револуцијата, реонот на Стара Хавана и до понеделник 19 јули 2021 да не патуваат кон аеродромот“, се вели во официјалното соопштение објавено на веб-страницата на американската дипломатска мисија на Куба.

Во меѓувреме, кубанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 36-годишен маж загинал во антивладиниот протест на периферијата на Хавана.

Во неделата избувнаа невидени демонстрации против еднопартискиот комунистички систем и се засилија вчера и завчера. Немирите беа проследени со бран апсења и обвинувања за полициска бруталност од меѓународни организации за човекови права.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести