-2.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Првата целосно електрична Mazda со премиера на 23 октомври

Најчитани вести

И официјално Mazda потврди дека првиот, целосно електричен автомобил ќе го претстави пред светската јавност на 23. октомври во рамките на саемот за автомобили во Токио.

Во соопштениетo се наведува дека станува за целосно нов модел, но се шпекулира дека ќе биде инспириран од последниот модел на овој производител, моделот CX-30.

Ако се водиме од прототипот тогаш овој автомобил ќе има батерија со капацитет од 35.5 kWh, а со едно полнење ќе може да помине до 240 км. Електромоторот ќе развива 141 КС и 265 Nm обртни моменти.

Сериското производство на овој модел би можело да започне да се произведува кон крајот на следната година, а би се продавала во сите земји каде овој производител е присутен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com