-1.2 C
Skopje
Monday, February 6, 2023

ПРВАТА СНИМКА ОД СИНОТ НА ПОЗНАТИОТ ПАР! Велат дека е ЦЕЛ НА МАЈКА МУ! (ВИДЕО)

Најчитани вести

Познатата пејачка двојка Ријана и АСАП Роки неодамна добија бебе, а сега решија да споделат со светот како изгледа нивното малечко

Поп иконата Ријана сподели видео од нејзиниот симпатичен син како се кикоти на „TikTok“. Цело време се смешка и зева на седиштето во автомобилот каде што може да се каже дека се чуствува пријатно со кафено ќебе и се обидува да го зграби телефонот – како да сака да го изеде!

– Се обидуваш да го земеш телефонот на мама? О леле…о леле – вели таа. Многумина коментираат дека малиот чие име не е познато, многу личи на својата мајка.

Видеото може д го погледнете ОВДЕ.

Веста за нејзината бременост првпат беше откриена во јавноста кога се појавија фотографии од бремената Ријана и раперот АСАП Роки во Њујорк. Пејачката го стави својот гол стомак во преден план под розово палто, кое беше закопчано само на врвот, додека се шеташе со партнерот Харлем. Прекрасната славна двојка долго време ја чуваше својата среќна вест во тајност!

Парот, кој е во врска две години, зборуваше за тоа колку е предизвик да ја чуваат бременоста во тајност од нивните најблиски пријатели. Штом се дозна, Ријана гордо се пофали со својот растечки стомак во најневеројатни стајлинзи, што предизвика многу коментари.

– Таа е модна икона и смета дека покажувањето на трудничкиот стомак е една од најубавите работи што може да ги направи како мајка. Ријана не се плаши сето тоа гордо да го покаже – објаснил извор близок до пејачката, пренесува „Hollywood life“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести