15.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Првата жена на чело на Танзанија, Самија Сулуху Хасан, положи заклетва

Најчитани вести

Потпретседателката на Танзанија, Самија Сулуху Хасан, денес положи заклетва како претседателка по смртта на претседателот Џон Магуфули, најгласниот ковид-скептик на Африка, со што стана првата жена на чело на оваа источноафриканска земја.

Хасан ја презеде функцијата по објавувањето дека Магуфули починал од срцев удар повеќе од две недели откако тој не беше во јавноста.

Неговото исчезнување на 27 февруари предизвика сомневања дека се разболел од коронавирус за кој сметаше дека може да се излекува со молитва и не сака да нарача вакцини за земјата со 58 милиони жители. Официјалните лица негираа дека какво било заболување е причина за неговото непојавување во јавноста. Хасан тврди дека Магуфули починал од срцев удар, а опозицијата тврди дека тој починал од корона.

Новата претседателка ја опишуваат како личност што сака договори и компромиси, а нејзиниот стил е спротивен на популизмот на Магуфули, кого го нарекуваа булдожер поради неговата нетолеранција кон друго мислење. Нејзиниот прекар Мама Самија во таа земја е доказ дека населението ја цени.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести