-3.2 C
Skopje
Wednesday, January 19, 2022

Првата дама на Хрватска носи накит од Ивана Кнез на насловната страница на „Глорија“: Ова е огромна привилегија, вели македонската дизајнерка

Најчитани вести

Сопругата на хрватскиот претседател, Сања Мусиќ Милановиќ, носи накит дизајниран од македонската креаторка Ивана Кнез за насловната страница на магазинот „Глорија“. Таа вторпат носи накит од Кнез, откако лани во април носеше уникатен црвен ѓердан на годишната изложба на хрватските архитекти.

„Имам особена привилегија што првата дама на Хрватска, за новогодишната насловна страница на Глорија повторно одбра накит со мој дизајн, кој беше специјално изработен за неа и во оваа прилика“, вели Ивана, која објави неколку фотографии на своите социјални мрежи.

Првата дама на Хрватска е позната како љубител на необичен и впечатлив накит, со кој секогаш го привлекува вниманието во јавноста.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com