4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Прајс: Клучно е вратите на ЕУ да останат отворени за Западен Балкан

Најчитани вести

ЕУ одново ја потврди својата безрезервна поддршка за европската перспектива на Западниот Балкан и ја поздрави посветеноста кон таа европска перспектива
Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, на својот профил на Твитер ја поздрави изјавата на ЕУ за Западен Балкан по Самитот на Брдо кај Крањ.

„Ја поздравуваме изјавата на ЕУ за Западен Балкан. Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија продолжуваат да ја покажуваат својата посветеност кон реформите. Клучно е вратите на ЕУ да останат отворени за нив”,

наведе портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

ЕУ одново ја потврдува својата безрезервна поддршка за европската перспектива на Западниот Балкан и ја поздравува посветеноста на партнерите од Западен Балкан на таа европска перспектива, која е во наш взаемен стратегиски интерес и останува наш заеднички стратегиски избор, се наведува во Декларација од денешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брдо кај Крањ во Словенија.

„Ќе ја зајакнеме уште повеќе нашата заедничка заложба да се унапреди политичката, економска и социјална трансформација на регионот, признавајќи го истовремено напредокот што го постигнал Западниот Балкан. Потсетуваме, исто така, дека е важно ЕУ да може да го поддржува и продлабочува својот сопствен развој, гарантирајќи го својот капацитет за интегрирање нови членки“,

се наведува во документот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com