7.8 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Прајс за ВОА: Не сакам да ја видам Северна Македонија суспендирана

Најчитани вести

Демократскиот конгресмен Дејвид Прајс во интервју за „Гласот на Америка“ реагирал на одлуката на Европската Унија и истакнал дека Северна Македонија не треба да биде суспендирана, бидејќи во направила се што се побарало од неа, вклучувајќи ја и промената на името.

„Долго време имаше проблем за името со Грција. И двете влади, и грчката и македонска, имаа потешкотии да постигнат договор, но, успеаја. Сега Северна Македонија е во позиција да стане полноправна членка на демократските семејства и на западноевропските алијанси. Членството во НАТО напредува доста добро, а се надевам дека и прашањата околу ЕУ ќе се разрешат брзо“ посочил Прајс.

Иако не сака да го критикува внатрешниот процес на ЕУ и деталите околу него, смета дека е важно ова да се реши брзо.

„Не сакам да ја видам Северна Македонија да поминува низ сето ова, да биде суспендирана на некој начин“, нагласил тој

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com