1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Прајс: Да, воено се повлекуваме, но немаме намера да се откажеме од Авганистан

Најчитани вести

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, изјави дека воопшто не е точно дека САД имаат намера да го напуштат Авганистан и покрај планираното повлекување на војниците.

-Да, ние ги повлекуваме нашите воени сили, но имаме намера да го задржиме дипломатското присуство во Кабул, рече Прајс на денешната прес-конференција, пренесуваат британските медиуми.

Прајс потенцираше дека плановите на американската администрација се одржување на континуирано партнерство со авганистанската Влада и со народот во Авганистан.

-Апсолутно немаме намера да се откажеме од Авганистан, нагласи портпаролот Прајс.

Минатиот петок, за време на состанокот со афганистанскиот петседател, Мохамад Ашраф Гани, во Белата куќа, американскиот претседателот Џо Бајден кажа дека поддршката на САД за Авганистан нема да запре кога ќе заврши американското воено повлекување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести