14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Пратениците ќе одмораат до крајот на август

Најчитани вести

Пратениците се на годишен одмор. Претседателот на Собранието Талат Џафери локалните избори ќе ги распише на 6 август, а ќе се одржат согласно законскиот термин на 17 октомври годинава.

Како што потврдуваат од Кабинетот на Џафери и според Деловникот на Собранието, одморот на пратениците е до крајот на август. Претседателот на Собранието може и за време на одморот да свика седница на Собранието.

Џафери минатата недела на средба со новинарите рече дека со седниците ќе продолжат по одморот, кога ќе работат по преостанатите незавршени седници. Нова седница ќе биде закажана на средината на септември.

Спикерот Џафери одморот ќе го помине во соседна Албанија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com