14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Пратениците ќе гласаат на нов електронски систем вреден над пола милион евра

Најчитани вести

Собранието ќе набави нов електронски систем за говорење и гласање на пратениците, кои ќе чини 517.000 евра. Договорот за набавката е веќе склучен и објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки, а тендерот го добило Друштвото за производство, трговија, инженеринг и услуги ДУНА ДОО експорт-импорт Скопје.

Во договорот се наведува и оправданоста на новата набавка.

„Опремување на пленарната сала во Собранието со електронски систем за говорење и гласање, како и опрема за симултан превод од производителот Brähler Systems GmbH. Предметот на набавката ги опфаќа следните работи: демонтажа на стариот систем, испорака на опремата, инсталација, тестирање и пуштање во употреба, прилагодување на перформансите на новиот систем во согласност со Деловникот за работа на Собранието. Интеграција на новиот систем со постојаната аудио и видео опрема и Е-Парламент. Спроведување на обуки на вработените и техничките лица и извршување на сите други предвидени работи согласно прифатената понуда и барањата од техничката спецификација“, пишува во договорот.

Од Собранието појасниле и дека набавката на новиот систем има за цел да врши регистрација на пратениците на седниците, да дава информација за присуство/отсуство на пратеник за време на гласање, да гарантира сигурност на резултатите од гласање…

Фирмата која е победник на тендерот ќе има рок од една година да ја испорача новата опрема, а Собранието веќе предвидело пари во буџетот за 2021 година, поради што плаќањето ќе го извршат до крајот на годината.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com