Home » Пратениците од власта и опозијата со меѓусебни обвинувања околу предлог измените на законот за стратешки интерес

Пратениците од власта и опозијата со меѓусебни обвинувања околу предлог измените на законот за стратешки интерес

by Журнал.мк

Во речиси празна собраниска сала се дискутираше за Предлог измените на Законот за стратешки интерес. Пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата продолжија со меѓусебни обвинувања.

ВМРО-ДПМНЕ со став дека пратениците на власта сами си го нарушуваат сопствениот интегритет со поддршка на употребата на европското знаменце за пакетот закони за коридорите 8 и 10 Д, а се во интерес на врвот на власта предводена, од како што велат тие вицепремиерот Груби.

Додаваат дека за овој случај ќе следи одговорност и казна кога ќе дојде до промена на власта.

Социјалдемократите со обвинување за градежните инвестиции од времето на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Амандман од опозицијата кој се однесува на објавување на Договорот со Бехтел и Енка во Службен весник беше одбиен од владејачкото мнозинство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk