Пратеничката група на СДСМ се откажа од јавна расправа за Изборниот законик во самото Собрание, а координаторот на пратеничката група Јован Митрески потврди дека деловнички не е возможно да се организира дискусија, па затоа јавната расправа ќе се одржи надвор од зградата..
Ваквото решение следува откако претседателот на Собранието,Талат Џаферим со одлука спречи Јавна расправа за предизборното ветување на СДСМ за една изборна единица по скратена постапка.
ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ сака да изврши блокада на ова законско решение со поднесени повеќе илјади амандмани.
СДСМ останува на ставот дека јавна расправа треба да има, независно дали истата ќе се одржи во собраниската сала или во некоја конференциска сала надвор од истото.
Со моделот кој го предложува СДСМ се предвидува една изборна единица, еднаква родова застапеност и отворени листи за локалните избори.