19.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Пратениците денеска на продолжението на 69-та седница

Најчитани вести

Собранието денеска ќе ја продолжи 69-та седница, на чиј дневен ред се поголем број измени и дополнувања на закони од повеќе области.

Пратениците ќе расправаат за предлог-законот за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС), за предлог-законот за ратификација на Спогодбата за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и на добиточна храна и фитосанитарна област во Западен Балкан, запПредлог-одлуката за давање согласност на општиoт акт на Народниот правобранител.
На дневен ред се предлог-законот за инспекциски надзор во животната средина, предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, и двата со европско знаменце.

Пратениците ќе дискутираат и за предлогот-законот за изменување и дополнување на Законот за установите, предлог-законот за изменување на Законот за заштита на децата и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за поштенските услуги, и двата по скратена постапка.

На дневен ред на оваа седница се и предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, поднесен од група пратеници и Финансискиот план за изменување на финансискиот план на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радио-телевизија за 2022 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com