23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Пратеник бесплатно ќе пренесува луѓе од Куманово до Скопје

Најчитани вести

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски, кој живее во Куманово, ги повика своите сограѓани да патуваат бесплатно со него до Скопје. Тој секој ден патува со својот автомобил за да стигне на работа во Собранието на РСМ.

Идеја, како што вели пратеникот, му е да им врати дел од парите кои граѓаните преку плаќање даноци ги даваат за патните трошоци на пратениците.

„Време е со личен пример да покажеме дека сме на располагање на граѓаните во вистинска смисла на зборот

…….“Оние сограѓани кои патуваат во Скопје а особено(пациенти,студенти и генерално секој кој патува до главниот град) можат секојдневно тоа да го сторат така што ќе патуваат заедно со него. Имено негова идеја е, од причина што граѓаните се тие кои учествуваат во покривањето на патните трошоци на пратениците(преку плаќање на даноци) тие да бидат и корисниците на овој превоз. Пратеникот секој ден ќе застанува близу Основниот суд или Општата Болница во Куманово, каде што било кој кумановски граѓанин кој има потреба да патува во Скопје ќе може тоа да го направи заедно со Костовски, без никаков надомест,а истовремено доколку сака ќе може да поразговара со пратеникот за било каков проблем или прашање што го тангира него како граѓанин”…..

Мал гест, ама искрен и од срце“, пишува тој на својот Фејсбук профил.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести