Home Македонија Пратеникот Стојаноски бара Обвинителството да отвори предмет за „Електра Солушн“

Пратеникот Стојаноски бара Обвинителството да отвори предмет за „Електра Солушн“

by admin

Јавното обвинителство да отвори случај и да утврди како „Електра Солушн“ која немала лиценца кога бил распишан тендерот за надзор, го добила истиот и наплатила најголем дел од колачот на Конзорциумот, бара ВМРО-ДПМНЕ.

-Како е можно фирма како Електра Солушн која немала ниту лиценца за надзор кога се отвора тендерот од 22 милиони евра, да оформи Конзорциум, да го добие тендерот и да наплати најголем дел од колачот, ако нема други работи кои не и се познати на јавноста? ЈО мора да отвори постапка и да утврди како Електра Солушн која поднесува за лиценца за надзор во сред јавен повик за прибирање понуди, и ја добива за само 5 дена успева да го добие тендерот? Мора да се даде одговор на прашањето кога Електра Солушн ги контактирала ЕПТИСА и ИРД, како и Евро Консалтинг на бараниот со меѓународна потерница Бранимир Димитријевиќ и како успеале да направат договор за заеднички настап во само неколку дена? Зошто ИРД за која како што велат од владата е фирма со меѓународно искуство чекала Електра Солушн фирма за производство на долна облека да добие лиценца за да поднесат понуда за учество на тендер од 22 милиони евра? Како Електра Солушн ги убедила ИРД и ЕПТИСА дека иако немаат лиценца за надзор истата ќе ја добијат за 5 дена? Но и како ги убедиле дека ќе можат да се носат со проектот иако дотогаш произведувале долна облека?, праша пратеникот Бојан Стојаноски на прес-конференција.

ој додаде дека очекува обвинителството да се охрабри и да отвори случај.

„Доколку ЈО остане немо на овие индиции за криминал, се става во одбрана на истиот и ќе треба еден ден да даде одговор зошто тоа го правеле“ додаде пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека партијата не поддржува уставни промени.

– Еве да ја затвориме темата нека стават на гласање и во еден ден ќе се види се, кој има пратеници и колку пратеници поддржуваат одредена идеја. На народот му е преку глава од вакви нивни превирања и надмудрувања и затоа сметам дека е потребна работа и решавање на проблеми а не измислување и замајување јавност, изјави Стојаноски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More