19.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Празните модуларни болници може да бидат пунктови за вакцинација

Најчитани вести

Модуларните болници може да станат пунктови за вакцинација доколку има потреба од проширување на сегашните капацитети, рече денес министерот за здравство Венко Филипче по посетата на поликлиниката „Бит пазар“ во Скопје, каде што ќе се врши вакцинација против Ковид – 19. Тој смета дека сегашните вакцинални пунктови се сосема доволни со оглед на тоа што први за вакцинирање се здравствените работници, а досега за вакцина се пријавиле 4000 здравствени работници..

„Сега сме фокусиравме на здравствените работници. Мислам дека системот е сосема соодветен за оваа бројка на здравствени работници која што е сега пријавена. Ќе тргне процесот на вакцинација, па ќе видиме, спремни сме да го надградиме. Не сакаме да избрзаме. Имаме систем кој добро функционира, кој досега покажал резултати. Зависно од волјата за вакцинирање спремни сме да ги прошириме капацитетите. Во еден дел и модуларните болници може да се користат за вакцинирање. Тие се сега спремни, скоро секаде се поставени, пациентите се во старите делови на болниците и тоа е еден систем на кој што размислуваме“, рече министерот Филипче.
Системот, според министерот Филипче, е подготвен за дневно да се прават 2000 – 2500 вакцинирања, од кои 880 во поликлиниките во Скопје, 500 во Клиничкиот центар, а останатите во другите градови на вакциналните пунктови за сезонски грип.

Од утре во функција ќе биде ставен и сајтот на кој сите заинтересирани граѓани ќе може да се пријават за вакцинација и во зависност од приоритетната група во која се наоѓаат ќе добијат известувања за вакцинирање.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести