17 C
Skopje
Thursday, March 4, 2021

Православната црква во Црна Гора крсти трансексуалец

Најчитани вести

Транссексуално лице било крстено во Подгорица со благослов од митрополитот Амфилохије. Обредот на крстење се одржал во неделата во храмот на Христовото воскресение. Трансексуалното лице било крстено во народна носија под името Вук Аџиќ иако во личната карта сѐ уште му стои женското име, јавуваат црногорските медиуми.

Претседателкста на ЛГБТ Форумот Бојана Јокиќ објасни на Фејсбук дека Вук сѐ уште не ја минал целосната транзиција и кажа дека ова е прв случај на крстење на транс-лице кое не ја минало транзицијата.

„Немам зборови со кои би го опишала ова чувство на среќа и гордост. Денес христијанската љубов кон човекот ги победи сите разлики. Ѝ благодарам на Црквата на раширените раце спремни за прегратка на сите свои деца“, напиша Бојана Јокиќ.

Транссексуално лице е она трансродово лице кое има јасна желба и намера да го смени својот пол, како и лице кое делумно или целосно го модифицирало (вклучува физичка и/или хормонална терапија и операции) своето тело. Поради тоа половата транзиција е долгогодишен и често непријатен процес.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести