Home » Правилната хигиена на спиењето влијае на продуктивноста во текот на денот

Правилната хигиена на спиењето влијае на продуктивноста во текот на денот

by Lina Muslija

Истражувачите од болницата „Brigham and Women’s“ во Бостон 30 дена ги следеле шемите на спиење на 61 студент кои работеле со полно работно време на колеџот „Харвард“.

Експертите ги следеле учениците кои главно спиеле ист број часови, иако оделе да спијат и се буделе во различни периоди од денот во текот на еден месец. Луѓето кои се придржувале до истиот редослед на спиење имале подобри резултати, додека оние кои легнувале во различно време во текот на неделата имале малку полоши резултати.

Експертите заклучиле дека резултатите покажуваат дека одењето во кревет и будењето во исто време е позитивно поврзано со добрите академски перформанси.

Исто така, други истражувања ја поддржуваат хигиената на спиењето. Истражувачите од Универзитетот „Бејлор“ спровеле слична студија во 2018 година. Потоа откриле дека колку е понеправилен распоредот за спиење на учениците, толку полошо се справуваат со задачите во текот на неделата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More