13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Правда со молба од Косово: Да бидат екстрадирани Демири и Исмаиловиќ

Најчитани вести

Министерството за правда последен пат екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, побарало на 5 – ти септември 2018 – та година. Откако тие избегаа во Косово по грозоморните убиства кај Смилковското езеро, земјава официјално два пати побарала двајцата осомничени во „Монструм“ да бидат испорачани за да им се суди за убиството на четирите момчиња и рибарот.

„По последното барање за екстрадиција, Министерството за правда испрати и повеќе молби до косовските власти за одговор по барањето. Последното такво барање е испратено оваа години. Досега, државата доби само известување дека Африм Исмаиловиќ е недостапен на косовските органи, односно не можат да го лоцираат – стои во одговорот од Министерството за правда испратено до Алсат.

Од Алсат упатиле прашања и во косовското Министерство за правда – кога Демири и Исмаиловиќ ќе бидат испорачани? Прашале и зошто досега не се екстрадирани? Одговор не добиле.

Инаку, повтореното судење за случајот „Монструм“ е при крај. Обвинителството побара доживотни затворски казни за Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ. За Хаки и Фејзи Азири побара максимални казни. Сите се гонат за тероризам и помагање тероризам. За обвинетиот Сами Љута, обвинителството го повлече обвинението поради недостиг на докази. Во завршниот збор обвинителството посочи дека нема сомнеж оти обвинетите се сторители на петкратното убиство во 2012 – та година. Дополнително, обвинителката Фатиме Фетаи посочи дека така наречените „бомби“ за овој случај, не промениле ништо, иако премиерот Зоран Заев во повеќе наврати ја уверуваше јавноста дека прислушуваните разговори може да влијаат врз исходот на процесот. Случајот „Монструм“ го презеде веќе згаснатото СЈО откако претходно Врховниот суд ја укина првата пресуда за случајот. Обвинетите својата одбрана во завршен збор ќе ја дадат на 3 февруари.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести