30.8 C
Skopje
Friday, July 23, 2021

По 40-тата задолжително треба да ги внесувате овие витамини и минерали

Најчитани вести

Витамините и минералите му се неопходни на организмот во секоја животна доба, но по 40.година  треба редовно да се користат за да го сочувате здравјето и да се спречи забрзаното стареење. За тоа да биде ефикасно пет додатоци во исхаранта (Е, Д, Б, железо и цинк) се најзаслужни за виталноста, убавината и доброто здравје…

Витаминот Е е силен антиоксиданс, кој има исклучително позитивно влијание врз изгледот на кожата.

Штити од негативното влијание на стресот, но и од негативните надворешни влијанија, па затоа кожата подолго останува младолика. Ова е единствениот вид заштитна бариера помеѓу кожата и сите негативни работи што го нарушуваат нејзиниот изглед.

Витамин Е поволно дејствува и на менструалните тегоби, репродуктивните органи, но и го зајакнува имунитетот.

Недостатокот од сонце може да се замени со консумерањето на витаминот Д, кој организмот го  обезбедува од сончевите зраци. Кога ги нема сончевите зраци внесувањето на витамин Д е неопходно.

Тој директно влијае врз густината на коските и превенцијата на остеопороза, која особено е изразена кај жените.Витамините од групата Б комплекс ја обезбедуваат енергијата за телото. Овој комплекс го  сочинуваат осум витамини, а повеќето од нив влијаат врз зголемувањето на енергијата, доброто расположение, добриот сон и здравиот апетит.

Минералот железо е добро за да му обезбеди сила на организмот. Овој минерал е посебно важен во репродуктивната фаза од животот на жената. Неговата клучна улога се крие во изградбата на црвени крвни зрнца, кои ги снабдуваат виталните органи и ткивата со кислород, а прв показател на недостиг од железо е постојаниот умор и недостиг на енергија.Цинкот влијае за да се надмината проблеми кои се највуваат на кожата, како акни, дерматитис, како и кршливи нокти …

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести