Home » По 27 години молк: Ќерката на Гучи објавува книга за убиството на татко ѝ

По 27 години молк: Ќерката на Гучи објавува книга за убиството на татко ѝ

by Журнал.мк

Откако светот ја виде холивудската верзија на настаните поврзани со смртта на Маурицио Гучи во „House of Gucci“, време е неговата ќерка да добие збор. По речиси 27 години од убиството на нејзиниот татко, италијанскиот бизнисмен Маурицио Гучи, Алегра Гучи реши да проговори.

„Кога ќе поминете низ такво нешто, тоа е како цунами“, изјави Алегра за „Vanity Fair Italy“, мислејќи на трагичната смрт на нејзиниот татко во 1995 година.

За да ја раскаже својата страна од приказната, Алегра ќе издаде книга што ќе ги исправи информациите за вмешаноста на нејзината мајка во убиството на нејзиниот татко – приказна што го привлекува вниманието на поп културата со децении.

„Јас сум во мојата соба. Не спиев добро таа вечер. Мојата мајка Патриција Реџани доаѓа и брзо вели дека татко ми е мртов“, раскажува Алегра.

Семејството Гучи е загрижено за претстојниот филм „House of Gucci“: Тие го крадат идентитетот на семејството за да остварат профит

Таа вели дека во тоа време се чувствувала како да живее во балон додека остатокот од светот продолжува да се врти, само дознавајќи дека нејзиниот татко бил убиен преку телевизиски прилог.

На 27 март 1995 година, платен убиец го уби Маурицио Гучи, кој беше шеф на познатата модна куќа Гучи

Во 1998 година, неговата поранешна сопруга, Патриција Реџани, беше осудена на затвор за нејзината улога во организирањето на убиството и ангажирање платен убиец. Обвинителството тврдеше дека Реџани била мотивирана од завист и финансиска добивка по нејзиниот развод од Гучи во 1985 година.

ВИДЕО | Лејди Гага планира убиство: Објавен нов трејлер за филмот „House of Gucci“

По 18 години поминати зад решетки, Реџани беше ослободена од затвор во октомври 2016 година
Алегра Гучи планира да ја објави својата книга во вторник со надеж дека ќе ја сподели „својата вистина“. Ова вклучува расветлување на промената што ја видела кај нејзината мајка по операцијата на мозокот во 1992 година.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk