Одбележани 22 години од загинувањето на армиските резервисти кај месноста Карпалак. Оддадена почит на бранителите, но, и по толку време, останува горчината дека на местото на гибелта нема достоинствен споменик. Министерката Петровска со ново барање до Општина Желино.
Хероите кои ги дадоа своите животи за одбрана на татковината заслужуваат достоен споменик на кој ќе може да им се оддаде почит. Ќе се бара дозвола од Општина Желино. Оваа најава стигнува од надлежните токму од месноста Карпалак каде пред 22 години во заседа на армискиот конвој загинаа 10-те прилепски резервисти.
Преживеаните на Карпалак токму од Прилеп кој тагува и се сеќава на трагедијата бараат статусот на борци. И околу 70.000 припадници на безбедносните сили со барање-да влезат во Уставот како борци. Бранителите работат како обезбедување, а се експлоатирани. Бараат и средба со премиерот.
И по 22 години Прилеп ветува дека нема да ги заборави своите бранители.
На Карпалак загинаа Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.